Релито Дакар почна со етапна победа на Насер Ал-Атијах

116

Денеска со возењето на првата етапа, почна 44. издание на едно од најпрестижните автомобилски натпреварувања, релито Дакар. Во премиерната етапа, самоуверена победа кај автомобилистите оствари катарскиот тркач со возилото „Тојота“, Насер Ал-Атијах.

Втор, со 12 минути заостанување, заврши деветкратниот светски шампион во рели, 47-годишниот Себастиен Леб. Водечката тројка од првата етапа ја заокружи чешкиот пилот Мартин Прокоп.

Во конкуренција на мотоцикли, првата етапа најбрзо ја мина Даниел Сандерс од Австралија сп неговиот модел на „ГУС“, додека втор финишираше Чилеанецот Кинтанила со Хонда. Тројката најуспешни ја затвори Матијас Вокнер од Австрија со КТМ.

ПретходноНеверојатно: Динамо Загреб плати 5,3 милиони евра за напаѓач од Аргентина!
СледноФА во последен момент го тргна Пол Тирни од судиите кои ќе го судат дербито Челзи – Ливерпул!