Англискиот судија Пол Тирни е отстранет од ВАР собата за клучниот натпревар во Премиер лигата меѓу Челзи и Ливерпул кој се игра попладнево од 17.30 часот. Одлуката е донесена во последен момент.
Навивачите на Ливерпул не беа задоволни да го видат Тирни како еден од судиите на овој дерби натпревар, откако неколку негови судиски одлуки беа под лупа во ремито 2-2 против Тотенхем.
И менаџерот на Ливерпул, Клоп, беше бесен на судењето на Тирни на тој меч, но и на неколку претходни.
„Јас немам проблем со судиите, само со тебе“, му рече Клоп по средбата со Тотенхем.
Од Тирни било побарано да суди на дуелот меѓу Лидс и Барнли на „Еланд Роуд“, а на негово место во ВАР собата за мечот на „Стемфорд Бриџ“ е именуван Дарен Ингланд.