Феран Торес: Дојдов да ја вратам Барса таму каде што припаѓа

347

Барселона го претстави новото засилување Феран Торес кој дојде од Манчестер Сити. Тој доаѓа како големо засилување за разнишаната Барса која се обидува да заздрави од финансиската криза која ја зафати клубот.

Одамна реков дека отидов во Манчестер Сити за потоа да се вратам во еден од најдобрите клубови во Шпанија. Од првиот момент кога разбрав дека Барса ме сака, не размислував, веднаш прифатив. Дојдов да помогнам, дојдов да ја вратам Барселона таму каде што припаѓа“, изјави Торес.

Торес почна во младинските категории на Валенсија, играше и за првиот тим, а во 2020 година се пресели во Манчестер Сити. По само една сезона се враќа во Шпанија, сега во Барселона. Тој е напаѓач има и 22 настапи и 12 гола за Шпанија.

ПретходноФИФА повторно разбранува: И Европските првенства да бидат на две години!
СледноIN MEMORIAM: Томе Јанчевски – Мечето