Македонската ракометна репрезентација ја запиша третата победа во подготовките пред ЕП 2022, против Израел славеше со 31-28(14-15).
Костески со пет гола е прв стрелец, Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски запишаа по 4 гола. Митревски имаше седум одбрани, Томовски четири.
И на овој меч во составот не беше Лазаров (одлучи да ја извршува само селекторската функција) а го немаше и Пешевски, додека пак Маркоски најверојатно нема да биде ниту во конечниот список.
Отворивме слабо, Израел поведе со 1-4, првото водство го запишавме во 14 минута со двата гола на Стоилов и Кузманоски, по одбрана на Митревски. Две минути подоцна влезе Кузмановски внесе свежина, Македонија поведе со највисоки 8-10, но застана во нападот, одбраната исто така не функционираше најдобро, па противникот дојде на 10-11. Со истата негатива заминавме на полувремето (14-15).
По одморот влезе и Миркуловски, но само во нападот, се штедат сили. Одбраната беше најголем проблем, на моменти делуваше бледо, токму и затоа Израел држеше водство до 44 минута, во која Македонија заигра многу подобро, со серија од 5-1 поведе со 23-21. Костески, Кузмановски и Талески, повлекоа во нападот, во 49 минута беше и 25-22.
Од овој момент фативме ритам, Томовски влезе во серија од три одбрани, нашите ракометари го урнаа отпорот на Израел. Со голот на Симоновски дојдовме на плус четири (28-24). До крај без проблем го приведовме мечот за трета победа во подготовките.
Македонија и Израел утре ќе одиграат уште една пријателска средба, која ќе биде последна контрола пред ЕП 2022.
МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 31-28 (14-15)
Македонија: Митревски 7(1) одбрани, Томовски 4 одбрани, Талески 4, Ѓоргиев, Серафимов 1, Мишевски 3, Костески 5, Стоилов 2, Ц. Кузманоски 4, Велковски 3, Ф. Кузмановски 4, Миркуловски 1, Ојлески 1, Симоноски 1, Георгиевски 1, Кизиќ