Откако пред Нова година најавивме, денеска стигна и потврда. Досегашниот напаѓач на Тетекс, Димитар Иванов, е нов играч на второлигашот Беса Добри Дол.
Тој ќе биде дел од Беса во пролетната полусезона, заедно со уште неколку засилувања кои управата на Беса ги доведе во овој зимски преоден рок.
Поранешниот младинец на Металург и Вардар, беше еден од најдобрите во првиот дел од сезоната во дресот на тетекс и затоа ќе биде големо засилување и освежување за претпоследнопласираната екипа во западната група.