„Волците“ му го нанесоа првиот пораз на Рангник на клупата на Манчестер Ј. (ВИДЕО)

177

Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз во ерата на Ралф Рангник. Германецот на кормилото на „црвените ѓаволи“ вечерва го предводеше својот тим во пораз од екипата на Вулверхемптон и тоа на домашен терен од 1:0, кој беше прв за тимот по 20 ноември минатата година.

Силниот и моќен тим на Вулверхемптон уште еднаш покажа дека не случајно е најдобриот дефанзивен тим во Премиер лигата, не дозволувајќи да се затресе нивната мрежа и на оваа средба. „Волците“ до големите три бода за осма сезонска победа стигнаа во 82. минута со голот на Жоао Мутињо.

Претходно, домашните во неколку наврати имаа добри шанси, а најубавата не успеа да ја претвори во гол Бруно фернандеш кој од непосредна близина ја погоди пречката од гостинскиот гол. Роналдо погоди во 68. минута по едно нафрлување, но беше во офсајд и голот беше понуштен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБеса и официјално го потврди трансферот на Димитар Иванов
СледноТалески: Мора да се враќаме побрзо