Се чини дека веќе нема дилеми дека Килијан Мбапе во летниот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид. Само чудо може да го одвлече од таа намера, посебно ако се знае дека денеска се лиферуваат вести од Мадрид дека тој со “кралевите“ веќе се договорил.
Ако ова се оставри, тогаш ПСЖ нема да седи со скрстени раце и има намера да тргне по Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул. Се шпекулираше дека “редси“ му понудиле годишна плата од 30 милиони евра само да остане на „Енфилд“, но тие што ги знаат приликите во Ливерпул сметаат дека овој клуб едноставно нема толку пари за да плати за еден играч.