Лука Дончиќ се врати на терените по повеќе од три недели, прво поради повреда на скочниот зглоб, а потоа поради коронавирус. Иако беше многу блиску до нов трипл-дабл, тој имаше скромни бројки во победата на Далас над Оклахома од 95-86.
Но, затоа дебитантот на Тандер, Џош Гиди, стигна до трипл-дабл, со што го урна рекордот на Ламел Бол како најмлад играч во историјата на НБА со трипл-дабл-учинок.
Гиди постигна 17 поени, 14 асистенции и 13 скока и со 19 години и 84 дена го собори рекордот на рукито од минатата сезона за 56 дена. Дончиќ беше 243 дена постар кога го постигна својот прв трипл-дабл.
Австралиецот неодамна стана првиот НБА играч во последните 50 години кој завршил натпревар со дабл-дабл без освоени поени – нула поени, 10 скока, 10 асистенции.
Дончиќ средбата ја заврши со 14 поени, 10 асистенции и девет скока.
Youngest player with a triple-double:
19y, 84d — Josh Giddey
19y, 140d — LaMelo Ball
19y, 317d — Markelle Fultz
19y, 327d — Luka DoncicThey are the only 19 year-olds with a triple-double in NBA history. pic.twitter.com/bEtooFkNnq
— StatMuse (@statmuse) January 3, 2022
Во центарот на вниманието се најде Џејлен Браун стана само третиот играч кој постигнал 50 поени во НБА оваа сезона, по Стивен Кари и Кевин Дурент, а седми во историјата на Селтикс. Пред него во дресот на Бостон тоа го направија Лери Бирд (четири пати), Џејсон Тејтум (двапати), Ајсаја Томас, Пол Пирс, Кевин Мекхејл и Сем Џонс.
Дури 21 од 50 поени Браун постигна во четвртата четвртина, во која Селтикси ја надополнија негативата против Орландо, а потоа ја запечатија победата од 116-111 по продолжение.
ЛА Лејкерс ја победи Минесота со 108-103 со 26 поени на Леброн Џејмс. Откако Џејмс насилно ја презеде улогата на центар, Лејкерси победија на три од четири натпревари со прекин на серијата од пет порази и враќање на учинокот од 50 проценти 19-19.
Резултати:
Торонто – Њујорк 120:105
Бостон – Орландо 116:111 (пр.)
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115:113
Оклахома Сити – Далас 86:95
Шарлот – Феникс 99:133
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103