Евертон за 12 милиони фунти купува шкотски репрезентативец

175

Откако го потпиша левиот бек Витали Микаленко од Динамо Киев, англискиот премиерлигаш Евертон работи на трансферот на десниот бек Нејтан Патерсон од Глазгов Ренџерс. Се работи за играч кој дебитираше за Ренџерс во јануари 2020 година, Евертон два пати го бараше во текот на летото но тогаш клубот од Глазгов не го пушти. Во јуни тој дебитираше за Шкотска со што стави до знаење дека поседува фантастични фудбалски квалитети.

Евертон после променливите партии одлучи да оди на реконструкција на бековските линии. Рафа Бенитез одлучил да го донесе Патерсон на „Гудисон парк“. Првично Ренџерс одби две понуди од Евертон, но сега ќе ја прифати новата од 12 милиони фунти плус уште 4 милиони во форма на бонуси.

Инаку Патерсон се бори за место во првиот тим на Ренџерс оваа сезона, одигра само осум меча во шкотската Премиер лига на кои два пати беше стартер. Капитенот Џејмс Таверние е прв избор за десната бековска позиција.

 

ПретходноИкарди го засилува нападот на Јувентус!?
СледноПочина светски првак и освојувач на три олимписки медали