Италијанскиот Јувентус работи на трансфер на контроверзниот напаѓач Мауро Икарди од Пари Сен Жермен во Торино, пренесуваат италијанските медиуми. Напаѓачот не е во плановите на тренерот Маурицио Покетино, а тој добива само епизодна улога, служи како замена за Меси и Мбапе, па Јувентус може да го искористи тоа и да го донесе во своите редови.
Се зборува дека „Старата дама“ ќе плати 2,5 милиони евра за позајмица на Аргентинецот, а потоа доколку сака да го задржи ќе треба да доплати 35 милиони евра. Инаку Икарди беше поврзуван со Јувентус и летоска но тогаш не дојде до трансфер.
Јуве има потреба од нов напаѓач, Дибала моментално е најдобар стрелец во екипата со осум гола, еден повеќе од Мората. Шпанецот може да оди во Барселона, па „Старата дама“ замената ја гледаат во Икарди за кого сметаат дека може да ја подобри ефикасноста.