Есенскиот првак, тимот на Шкупи на 5 јануари ги стартува подготовките. Играчите на стратегот Гоце Седлоски до 14 овој месец ќе работат во Скопје, за да од 15 јануари до 2 феруари се подготвуваат во Анталија.
Во познатиот спортско – туристички центар во Турција, чаирчани ќе одиграат најмалку пет пријателски мечеви. Засега се договорени дуелите со Лех Познањ (Полска) на 18.01, потоа со Черноморец (Украина) на 26.01 и со Ахмат Грозни (Русија) на 31.01.
Околу трансферите засега нема ништо ново во редовите на есенскиот првак. Се преговара со неколку фудбалери, а кој се ќе го засили и онака силниот тим на Шкупи останува да се види.