Коронавирусот нема да ја запре Евролигата, таа продолжува со нови правила

144

Таман се поправи ситуацијата, публиката се врати на трибините, се помалку се зборуваше за заразени спортисти, коронавирусот одново затропа на вратата. Се одложуваат натпревари поради заразени фудбалери, кошаркари и спортисти, а почнаа да се одложуваат и мечеви во најсилната кошаркарска лига  – Евролигата. Во претходната рунда се одиграа само четири од девет натпревари.

Денеска е одржан онлајн состанок меѓу клубовите за да се најде решение. Предложено е Евролигата да продолжи, но се сманува бројот на денови на кошаркарите и тренерите во карантин, пренесува уредникот на Еурохопс, Арис Баркас.

Утре, на нов состанок на управниот одбор ќе се гласа за да се потврди одлуката за кратење на периодот на заразени во карантин. Досега траеше 14 дена, а може да биде преполовен. Кошаркарите со позитивен тест, под услов се да помине без компликации, би можеле да се вратат во погон по седум до 10 денови во изолација.

Баркас наведе дека воопшто не се зборувало за прекин на сезоната ниту за паузирање, туку се зборувало само за скратување на периодот на изолација и дека не е донесена конечна одлука затоа што здравствените протоколи се разликуваат од држава во држава.

 

ПретходноИ Шкупи во Анталија: Закажани “тестови“ со Лех, Черномoрец, Ахмат Грозни…
СледноШишковски одбрани пенал, Трајчевски доби црвен, Докса победи! (ВИДЕО)