Ракометната селекција на Македонија вечерва во меч од подготовките за ЕП успеа со 31-28 да го победи Израел. Откако не беше добро тоа прво полувреме, во продолжение од мечот беше подобро и успеавме да дојдеме до победата.
За тоа како го виде овиој натпревар против Израел, свој коментар имаше селекторот Кирил Лазаров.
“Искрено да ви кажам дека ме изненади Израел. Иако доста го анализиравме, гледавме доста материјали. Сепак едно е на видео, а сосема друго е во живо. Одиграа квалитетен меч, можеби не се наш ешалон. Имаат квалитетни играчи, имаат систем. Ние сето тоа го знаевме. Имавме и слаби страни, имавме и добри страни. Првпат сме, така да кажам комплетни. Добро ни дојде што победивме, резултатот е позитивен“ посочи Лазаров.
Според некои има доста време некои работи да се поправат…
“Имаме доста време да ги поправиме некои работи, и овие играчи кои што дојдоа Миркуловски, Кузмановски и Пешевски да ни се приклучат. Остануваат уште седум – осум дена да тренираме комплетни и да ги поправаме тие недостатоци кои се покажаа на овој меч. Митев се повреди на загревање, бизарна повреда. Тој и да беше планиран тешко дека ќе оди на ЕП, како што гледам по повредата. Сепак да видиме што ќе каже медицинскиот тим. Треба да имаме 22-24 ракометари на собир поради целата ситуација. Им реков и на тие што ги пуштив да тренираат и на тие што беа на поширокиот список. Па ако треба секако да ни се приклучат“ заврши Лазаров.