Лазаров не сака да ризикува, Пешевски е океј, доби поштеда поради вирус

344

Жарко Пешевски не беше во составот на Македонија на вечерашната средба против Израел. Македонскиот репрезентативен пикер имал вирус, иако веќе се чувствува добро, селекторот Кирил Лазаров не сакаше да ризикува, па затоа го поштеди.

“На подготовките и во Маврово и во Скопје имавме 10-12 играчи со сезонскиот вирус. Пешевски откако дојде имаше температура и очекувам утре да биде на тренинг и да биде добар. Не сакавме да ризикуваме, но и тој е еден од играчите кои го поминаа вирусот. Загубивме неколку играчи за по 2-3 тренинзи бидејќи имаа вирус, но се комплетираме“, вели Лазаров.

Пред мечот со Израел за време на загревањето се повреди и Митев. Лазаров вели дека поради ситуацијата со Ковид-19 мора сите да тренираат.

“Од прилика имаме 20 играчи, но на собир мораме да имаме 23-24 играчи дека мора да се подготвени и да тренираат бидејќи поради ситуацијата во секој момент можеме да имаме потреба од некој од нив. Стојковиќ е ослободен после Маврово, но тој би можел да се приклучи доколку биде потребно“, додаде.

Македонија и Израел утре ќе одиграат нова средба, исто со почеток во 18 часот.

ПретходноНов потоп за Барди и Леванте: „Петарда“ на „Естадио де ла Керамика“
СледноСтруга ТЛ “стартува“ на 8 јануари, Анталија или Албанија се опции за главната фаза од подготовките!