Младиот фудбалер на Работнички Лука Станковски веќе е во Истанбул што значи дека дефинитивно ќе игра во локалната Суперлига и тоа во екипата на Газијантеп. Станковски слета во Истанбул каде ќе го изврши лекарските прегледи, а вечерва лета за Газијантеп. Во текот на утрешниот ден се очекува клубот да го официјализира договорот со него и да го претстави како ново засилување.
Претходно младинскиот репрезентативец беше пред трансфер во Монца, но работата се изјалови па тој остана во Работнички. Сега се отвори можност да игра во Турција и не ја пропушти.