Она што го најави „Спортмедиа“ денеска е и потврдено. Михаил Маневски, досегашниот офанзивен бек на Брегалница и дефинитивно е ново име во таборот на Шкендија. Договорот е постигнат, останува само уште промоцијата. Секако дека ова за актуелниот шампион ќе биде големо засилување, а Брегалница ќе биде ослабена, но така е тоа во фудбалот.
Инаку Маневски важи за еден од подобрите леви бекови во ПМФЛ, тој е поранешен младински репрезентативец, имаше неколку понуди, но сепак се реши за таа на Шкендија.