Како што и беше најавено, од денеска “гипсарите“ се на подготовки. Со собирот и прозивката, стратегот Ќатип Османи означи старт на овие зимски подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел во тековната сезона 2021/22.
Планот е направен. Имено до 20 јануари Ренова ќе се подготвува во Тетово за да потоа до февруари се оди во старата база, во Охрид каде што покрај вообичаени тренинзи ќе се одиграат и неколку пријателски мечеви. Засега договорени се “тестовите“ со Стрга Трим Лум (21 јануари) и Воска Спорт (29 јануари). Претходно стратегот Османи ќе ја провери моменталната форма на 16 јануари кога во Тетово е закажан пријателскиот меч со Беса.
Што се однесува до трансферите, засега официјално си замина Арѓент Гафури, а ново име е Фисник Зука.