Скандалозно: Наместен натпревар во ракометната Лига на Шампионите!?

488

Веднаш на почетокот на Новата 2022 година, спортска Европа ја тресе голем скандал. Имено според пишувањето на медиумите во Шведска, се сомнева дека еден натпревар од годинашната сезона во ракометната Лига на Шампионите бил наместен. Не се споменува за кој меч станува збор, но според описот веројатно дека се работи за дуелот меѓу Монпелје – Мешков Брест кој завршил со резултат 32:26.

Сега на потег е ЕХФ, да се види за што всушност станува збор и дали навистина има место за да се верува дека овој меч бил наместен. Тие што се разбираат во кладењето наведуваат многу нелогичности, но и тоа дека за победа на домашниот тим коефициентот енормно паѓал. Се разбира дека ова се сомнежи, треба да се разјасни добро целата ситуација.

ПретходноГостивар не се шегува: Го претстави и Лазар Пеев како ново име!
СледноБез Лазаров и Пешевски, Македонија победнички и против Израел (ФОТО)