Словенците со една објава ја „пецнаа“ Македонија пред Европското првенство

5782

За десетина дена ќе стартува Европското ракометно првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Прв противник на македонската репрезентација е Словенија, дуел кој се игра на 13. јануари во Дебрецен.

Денеска на официјалната страница на ракометната федерација на Словенија излезе интересна, би рекле објава со јасна порака.

Пред две години на 3. јануари на клупата на оваа селекција Љубомир Врањеш ја оствари првата победа како предводник на Словенија и тоа токму на сметка на Македонија, во пријателски меч славеше со 33-28.

Македонија на дуелот против Словенија ја нема фаворитската улога, но не е име за потценување, ова добро му е познато и на Врањеш и на неговите момци. Нашата репрезентација има победи против оваа селекција.

ПретходноРефлекс со брзината на светлината на Тер Штаген (ВИДЕО)
СледноТухел искрен за Мане – мораше да добие црвен картон