Струга ТЛ “стартува“ на 8 јануари, Анталија или Албанија се опции за главната фаза од подготовките!

375

Струга Трим Лум, прволигашот кој во претстојната пролетна полусезона ќе атакува на пехарот во Купот на Македонија, и дефинитивно стартот на подготовките ги закажа за 8 јануари. Во првите денови стратегот Срѓан Захариевски и неговите фудбалери ќе се подготвуваат во Струга, за да потоа главната фаза да се одработи во Анталија или Албанија. Значи има две опции, за која ќе се решат Стружани ќе се знае во текот на овие денови.

Инаку засега ново име во таборот на струшкиот прволигаш е Дарко Илиески. Квалитетен стопер кој секако дека ќе се биде засилување, посебно ако се знае дека веројатно трансфер ќе направи Клисман Цаке за кого има интерес, па и понуди од клубови од Унгарија, Хрватска и Албанија.

ПретходноЛазаров не сака да ризикува, Пешевски е океј, доби поштеда поради вирус
СледноШкендија и Ќака ја прекинаа соработката