ФИФА повторно разбранува: И Европските првенства да бидат на две години!

131

Европско првенство на секои две години е исто така добра опција, смета претседателот на ФИФА Џани Инфантино. Пред извесно време ФИФА тргна со идеја да организира Светско фудбалско првенство на секои две години што наиде на незадоволство во некои фудбалски федерации, пред се членките на КОНМЕБОЛ и на УЕФА.

Светско првенство на секои две години не е моја идеја. На конгресот на ФИФА се спомна такво нешто и истата беше посочена како одлична можност за фудбалскиот развој и дека таа идеја би требало да биде анализирана и да се размисли за неа. Веќе направивме проучување и дознавме дека имаме полза како од спортска гледна точка, така и од економска“, изјави Инфантино во интервју за италијанското радио „Anch’io sport“.

Најважмно од се е што ова е добро за локалните фудбалски шампионати и играчите. Со реорганизација фудбалерите би играле помалку натпревари. Исто така треба да се размисли и за идејата ЕП на секои две години. И тоа би било одлично“, додаде Инфантино.

Само ФИФА и земјите од Африка се за СП на секои две години, додека останатите меѓу кои УЕФА и КОНМЕБОЛ се против.

 

ПретходноПочина светски првак и освојувач на три олимписки медали
СледноФеран Торес: Дојдов да ја вратам Барса таму каде што припаѓа