ФК Брегалница: Пресуди желбата на Маневски, Шкендија ќе плати отштета!

1921

Откако “Спортмедиа“ го најави трансферот на Михаил Маневски од Брегалница во Шкендија, кој денеска веќе се реализира, попладнево со потврда односно реакција излезе и самиот клуб, Брегалница од Штип.

Штипјани го потврдија трансферот, покрај другото нагласија дека Маневски барал да си замине во Шкендија.

Ние со согласивме на овој трансфер поради тоа што пресуди желбата на самиот фудбалер. Ние немавме намера да се ослободиме од него, но тоа беше желба на самиот фудбалер. Инаку ние како клуб си ги штитиме своите интереси, па затоа Шкендија ќе плати трансферна отштета за реализација на оваа преселба. Брегалница му се заблагодарува на Маневски за неговиот досегашен придонес во нашиот клуб“ велат од таборот на Брегалница.

ПретходноПеро Блажевски на клупата на Кожув!
СледноРенова денеска ги стартуваше подготовките!