Французите во хаос пред ЕП: Замената за Карабатиќ во „аут“

220

Франција е една од најпогодените репрезентации пред стартот на Европското првенство. Селекторот Гијом Жил се соочува со бројни повреди, но и позитивни случаи на Ковид-19.

Тео Монар од Нант кој дојде пред неколку дена како замена за Лука Карабатиќ е позитивен на Ковид-19, па шансите да се најде на континенталниот собир се многу мали.

Предовникот на оваа селекција мораше да ги откаже контролите со Египет.

Франција на стартот на оваа година остана без Елохим Пранди, кој беше избоден со нож. Добра вест е што Никола Карабатиќ, Дилан Наи, Уго Деска и Ејмерик Мин почнаа да тренираат одвоено од тимот, откако првиот ковид-тест беше негативен.

Франија е во групата Ц заедно со Србија и Украина.

ФОТО: ffhandball.fr

ПретходноТухел искрен за Мане – мораше да добие црвен картон
СледноЕП 2022: Данска е селекцијата која ќе ви донесе најмала заработувачка на ЕП 2022