Шишковски одбрани пенал, Трајчевски доби црвен, Докса победи! (ВИДЕО)

271

Во меч од 15.коло во елитната лига на Кипар, екипата на Докса, за која настапија нашите интернационалци Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски, со 0:1 на гости успеаја да ја совладаат екипата на Ахна.

Стрелец на голот беше Садик во 21. минута, но оваа победа одат на сметка на нашиот репрезентативен голман Шишковски кој во 10.минута од мечот, при резултат 0:0 успеа да прекрасен начин да го одбрани пеналот на домашниот играч Фолпрехт.

Да кажеме дека вториот наш интернационалец во тимот на Докса, Душко Трајчевски, во 35.минута од мечот доби црвен картон.

Ова е уште еден одбранет пенал на нашиот голман кој покажа дека е во одлична форма.

Кај домашната екипа целиот меч од клупата го проследи Мартин Богатинов.

ПретходноКоронавирусот нема да ја запре Евролигата, таа продолжува со нови правила
СледноГостивар не се шегува: Го претстави и Лазар Пеев како ново име!