IN MEMORIAM: Томе Јанчевски – Мечето

1771

На 70 годишна возраст почина Томе Јанчевски – Мечето, долгодишен сектерат на фудбалскиот клуб Пелистер. Јанчевски беше секретар и соработник на неколку претседатели на Пелистер, активен учесник во многу победи и успеси на клубот, учесник во многу фудбалски трансфери на клубот од Битола.

Томе Јанчевски – Мечето поради својот карактеристичен имиџ, многумина го нарекуваа заштитен знак на клубот.

Љубителите на фудбалот во Битола него ќе го паметат по неговиот продорен глас, при неговите забелешки и коментари на секоја судиска одлука на штета на Пелистер.

По неговото повлекување од активната работа во ФК Пелистер остана голем вљубеник и навивач на Пелистер.

 

ФОТО: Bitolanews

ПретходноФеран Торес: Дојдов да ја вратам Барса таму каде што припаѓа
СледноПеро Блажевски на клупата на Кожув!