Го фрли дресот на сред меч, клубот му врачи отказ

4491

Играчот на Тампа Беј Буканерс Антонио Браун направи скандал на мечот од НФЛ лигата против Њујорк Џетс, поради што доби отказ. Се се случило кон средината на третата четвртина. Браун се расправал со соиграчот Мајк Еванс, а потоа пред тренерот и соиграчите го соблече дресот и јасно им порача дека си заминува. На излегување го фрли дресот кон публиката и ја поздрави.

По мечот тренерот на Буканерс Брус Арианс изјавио дека Браун е веќе поранешен нивен играч и дека нема повеќе да игра за Тампа Беј. Квотербекот Том Брејди испрати порака за поддршка на Браун загрижен за неговото ментално здравје.

Искоријата на скандали на Браун е долга. Во 2018 година по караница со соиграч од Питсбург одби да го игра последниот меч од сезоната. Една година подоцна по пат на социјалните мрежи побарал трансфер, а откако се преселил во Оукленд Рајдерс на првиот тренинг дошол со балон.

Откако НФЛ ги принуди играчите да ги менуваат кацигите, тој го одби тоа. Дури испратил тужба до НФЛ, а не се појавувал на тренинзите на Рајдерс затоа што не му дозволувале да игра со старата кацига.

 

ПретходноШкендија и Ќака ја прекинаа соработката
СледноИ Словенците имаат проблем: Голманот Лесјак е позитивен на Ковид-19