И Словенците имаат проблем: Голманот Лесјак е позитивен на Ковид-19

212

Ракометарите на словенечката репрезентација која е еден од противниците на Македонија на ЕП во Унгарија, вчера продолжи со подготовките пред заминувањето за Унгарија, но се соочи со проблем.

Откако последни на подготовките се приклучија уште тројца бундеслигаши, Ур Кастелиќ, Миха Зарабец и Урбан Лесјак, последниот од нив денеска излезе позитивен на коронавирусот.

По два позитивни резултати од брзите антигенски тестови, Лесјак е повлечен во изолација, а резултатите од ПЦР тестирањето повторно покажаа позитивен резултат. Голманот на словенците останува во изолација до следен негативен тест.

ПретходноГо фрли дресот на сред меч, клубот му врачи отказ
СледноХамилтон продаде свој автомобил за 10 милиони евра! (ВИДЕО)