Нова година е крај и почеток во едно. Повод за складирање на убавите спомени од годината која поминува и за нови желби за оваа што доаѓа. И за обичен човек и за врвен спортист, Нова година е оној истиот контакт со искреноста, кога си посакуваме здравје и среќа со најблиските. Сите имаме падови и победи во животот, само што тие имаат дар со своите победи да радуваат илјадници, милиони луѓе. Еве какви успеси и желби за 2022 си посакаа бренд амбасадорите на Видеолотарија Касинос Австрија.
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев посакува заокружување на фудбласката кариера:
„Во 2022 година посакувам, за мене лично да имам многу здравје, да бидам среќен. На професионален план сигурно желба е со мојот клуб Џенова да изборам опстанок во Серија А и на најубав можен начин да се простам со публиката. Се надевам дека оваа желба ќе ми се исполни и со крената глава ќе ја завршам мојата фудбалска кариера овде во Италија.
На сите сакам да ви ги честитам новогодишните и божиќните празници, да ви посакам многу здравје, среќа, радости со вашите семејства и се надевам дека оваа 2022 година ќе биде среќна за сите“.
Спортски желби и еднакви можности за жените и мажите во спортот, се најдоа на новогодишната листа на Едина Муса:
„Моите очекувања за новата година се и понатаму да се развива спортот, еднаквите можности меѓу жената и мажот, како во спортот, така и надвор од него, во сите аспекти на животот. Посакувам сите да останат активни и тие што не се да почнат со активност, да водат здрав живот, да спасат живот, да ги сакаат животните и да пружат љубов насекаде. Среќни празници“.
Автомобилскиот шампион во 2022 Игор Стефановски Иџе посакува нов автомобил:
„Во 2022 би сакал да имаме новитет во категоријата во којашто ќе се натпреварувам. Нормално, посакувам нов автомобил со којшто се надевам дека ќе остварам врвни спортски резултати и успеси, но ќе видиме каква ќе биде и што ќе донесе.
Ви посакувам успешна, среќна и пред сè здрава 2022 година. Јас како спортист ќе се обидам да донесам што подобри резултати во 2022 и пред сè би сакал да заврши оваа пандемија и да почнеме да функционираме нормално. Во секој случај имајте убави празнични денови, викенди и среќна Нова година“.
Ракометната легенда Кире Лазаров здравјето го истакнува како главен приоритет на својата новогодишна листа:
„Посакувам пред сè да бидам жив и здрав, моето семејство исто така и сите во Република Македонија. Оваа пандемија што побргу да помине, да се вратиме во нормала, да се вратиме онака како што живеевме во минатото. Да си посакаме една квалитетна, посветена работа. Голем труд секогаш ќе донесе резултат, кон тоа и се стремам и подготвен сум на таква работа. Да не ги бараме пократките патишта до успех, напротив, да покажеме квалитет. Ќе има доста предизвици, како и секоја година, оваа и уште повеќе и се надевам дека ќе се справам со нив.
Сакам да ги честитам новогодишните и божиќните празници на сите граѓани на Македонија. Да се живи и здрави, да се чуваат, да се пазат и да работат чесно. Да вложуваат во самите себе, да имаат чиста мисла, да имаат бистар ум и да носат вистински одлуки. Поздрав до сите граѓани на Република Македонија и среќна 2022 година.
Видеолотарија Касинос Австрија посакува што повеќе големи успеси за нив, но и мали, лични победи за секого во 2022. Среќна Нова година и среќни празници!
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно