Тухел искрен за Мане – мораше да добие црвен картон

258

Челзи и Ливерпул одиграа без победник (2-2) во рамкиоте на 21. коло во Премиер-лигата.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, не можеше да се воздржи да ја коментира ситуацијата по натпреварот.

„Не сум за рани исклучувања, но навистина морам да го кажам ова – Мане мораше да биде исклучен. Тој е одлично момче и врвен играч, но мораше да добие црвен картон. Лактот до лицето е црвен картон без разлика дали е 20 секунди или 20 минути“, изјави тренерот на Челзи.

Тој за самиот натпревар рече:

„Кој не дојде на стадион, многу пропушти. Добро го отворивме натпреварот, а потоа примивме гол од наша грешка. После тоа дојде друг, но ние не се откажавме. Голот на Ковачиќ ја врати вербата, а на крајот трет гол пресврт висеше во воздух“.

Ремито секако најмногу му одговара на Манчестер Сити, кој сега е на десет бода од Челзи и 11 бода пред Ливерпул.

ПретходноСловенците со една објава ја „пецнаа“ Македонија пред Европското првенство
СледноФранцузите во хаос пред ЕП: Замената за Карабатиќ во „аут“