Ѕвездата на Баерн (М) и на германскиот фудбал, Џошуа Кимих, конечно се врати на тренинзите вчера, по скоро двомесечно отсуство од Ковид.
Германскиот ас кој не сакаше да се вакцинира, го нема на терените од 6 ноември и последниот меч со Фрајбург. Тој потоа влезе во изолација откако на 25 ноември и официјално беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
Кимих потоа откри дека претрпел инфилтрација на течност во белите дробови што го спречи да се врати на тренинзите во средината на декември. 26-годишниот, кој сега вели дека жали за неговиот претходен став за Ковид-19, конечно се врати на тренинг центарот, откако направи негативен тест и доби лекарска дозвола да почне со тренинзи.