Најновите тестирања на коронавирусот покажаа дека тројца ракометари се позитивни поради што е откажан денешниот дуел со Македонија кој беше закажан за 18 часот. Вчера овие две селекции играа меѓу себе, а денеска се појавија тројца позитивни во редовите на Израел.
Денеска тестовите на нашите ракометари беа негативни, а да се надеваме дека вирусот не се пренел во нашиот табор и да ни направи проблем пред почетокот на Европското првенство.
Maкедонија на ЕП ќе игра во група со Црна Гора, Словенија и Данска, а репрезентативците повторно ќе бидат тестирани меѓу 7 и 10 јануари пред поаѓање за Унгарија каде што ќе ги играат натпреварите.