Лукаку ја промени плочата им се извини на навивачите (ВИДЕО)

277

Ромелу Лукаку поради интервјуто за „Скај Италија“ беше казнет од Томас Тухел, не се најде во составот на Челзи за дуелот со Ливерпул. Тој изјави дека се кае што си заминал од Интер и дека не е среќен, како и дека не му се допаѓање системот на игра.

Ова интервју го даде без довола на клубот. Само два дена подоцна тој им се извини на навивачите и на сите во клубот.

„Им се извинувам на навивачите поради вознемиреноста која ја предизвикав. Сите ја знаете мојата поврзаност со клубот која ја гаам од тинејџерските денови. Во целоснот ве разбирам што ве вознемирува. Останува да ја вратам вашата доверба, ќе дадам се од себе со посветеност на тренинзите. Им се извинувам и на тренерот, соиграчите и управата бидејќи мислам дека не избрав добар момент. Сакам да го оставам ова зад себе и да работам за тимот на најдобар начин“, изјави Лукаку.

ПретходноЕХФ не признава два негативни тестови, дел од позитивните играчи нема да играат на ЕП
СледноВрањеш повика соиграч на Кузмановски