Последен тест пред ЕП, ракометарите во нова пресметка со Израел

173

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во СЦ “Борис Трајковски” го игра реванш дуелот со Израел. Ова ќе биде последен тест за селекторот Кирил Лазаров и неговиот тим пред стартот на Европското првенство кој е закажан за 13 овој месец.

Нашите ракометарки вчера го добија првиот дуел со Израел, славеа со 31-28 благодарение на добрата игра во второто полувреме. Лазаров и на оваа средба не беше во составот одлучи да диригира од клупата, а во составот го немаше ниту Жарко Пешевски поради цироза, тој денеска треба да му се приклучи на тимот.

Репрезентативците во Скопје ќе останат до 11 јануари кога заминуваат за Дебрецен, првиот меч на ЕП го играат против Словенија, два дена подоцна силите ќе ги одмерат со Црна Гора, додека на 17 јануари е мечот со Данска. Само првите две репрезентации од секоја група одат во главната фаза одат во следната рунда.

ПретходноАнтиваксерот кој повеќе од еден месец се бореше со Ковид-19 се врати на тренинзите на Баерн (М)
СледноМишел Касанс нов играч на Венеција