СУПЕР – АКАДЕМИЈА: Димитар Митровски и Пепи Горѓиев во нападот на „Пандевци“

3801

Ако Академија Пандев се сметаше за силна екипа во есенскиот дел од шампионатот, со оглед на втората позиција на табелата со новите две „бомби“ засилувања очигледно дека ќе атакува  можеби и на првото место.

Во Струмица пристигнуваат Димитар Митровски и Пепи Горѓиев како најнови засилувања кои доаѓаат како дополение на она што како ростер го има тренерот Александар Васоски.

Димитар Митровски по долгиот престој ширум Европа, во екипите на Магдебург, Ханса Рошток и Спортинг Лисабон, а започна во Работнички. Тоа е „златното“ момче на Македонскиот фудбал кое не успеа да се избори место во гигантот Спортинг, па сега се враќа во Македонија што се вели за да ја возобнови кариерата и конечно да покаже што може. Тоа е момчето кое долго време беше сметано за најквалитетното од Македонија, беше У19 и У21 капитен, а сега ја засилува Академија Пандев во обид да се остварат посакуваните Европски амбиции сезонава.

Пепи прави кам бек во Мак фудбалот

Од друга страна, еден од најдобрите стрелци во минатогодишниот шампионат, Пепи Горѓиев се враќа во ПМФЛ. Откако мина краток период во Теута во Албанија Горѓиев доаѓа во Струмица како замена за Мартин Мирчевски кој очигледно зимава прави трансфер. Тој има понуди од Јужна Кореја односно Турција.

 

ПретходноМишел Касанс нов играч на Венеција
СледноМатеј Цветановски се појави на прегледи, а утре и на прозивка во Шкупи