“Нема сомнеж за посветеноста на Лукаку кон Челзи. Тој е многу лојален и затоа неговите изјави беа изненадувачки. Никогаш не правел никакви проблеми, тој е многу емотивно момче. Се надевам дека навивачите ќе го прифатат ова и ќе продолжат да го поддржуваат тимот како и Лукаку“, коментира Германецот.
„Лукаку се извини и се врати во тимот. Проблемот не беше толку голем колку што мислите. Не беше мал, туку целосно надминат откако се извини. Свесен е што направи. Свесен е за својата одговорност да го поправи нередот кој го создаде. Можеби ќе има последици, но ќе се снајде, тој е професионален фудбалер и знае да се носи со одговорноста. Ромелу нема избор, тој е наш фудбалер“, изјави Томас Тухел.