Двајца клучни играчи на хрватската репрезентација Домагој Дувњак и Лука Циндриќ се позитивни на коронавирусот Ковид-19, тоа го потврдија од таборот на репрезентацијата која се подготвува за ЕП кое почнува на 13 јануари.
Циндриќ и Дувњак повторно ќе бидат тестирани на 7 јануари, во случај да бидат негативни ќе можат да настапат на првенството кое ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Тестовите на сите други репрезентативци биле негативни.
Инаку Хрватска ќе игра во група со Франција, Србија и Украина.