Антиваксерот кој повеќе од еден месец се бореше со Ковид-19 се врати на тренинзите на Баерн (М)

271

Ѕвездата на Баерн (М) и на германскиот фудбал, Џошуа Кимих, конечно се врати на тренинзите вчера, по скоро двомесечно отсуство од Ковид.

Германскиот ас кој не сакаше да се вакцинира, го нема на терените од 6 ноември и последниот меч со Фрајбург. Тој потоа влезе во изолација откако на 25 ноември и официјално беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.

Кимих потоа откри дека претрпел инфилтрација на течност во белите дробови што го спречи да се врати на тренинзите во средината на декември. 26-годишниот, кој сега вели дека жали за неговиот претходен став за Ковид-19, конечно се врати на тренинг центарот, откако направи негативен тест и доби лекарска дозвола да почне со тренинзи.

ПретходноНовак ги спакува куферите и тргна за Австралија, ќе игра на АО! (ФОТО)
СледноПоследен тест пред ЕП, ракометарите во нова пресметка со Израел