Арсенал има понуда за Влаховиќ: 55 милиони во кеш + еден фудбалер

238

Битката за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ се вжештува. Како што дознава италијанска „Газета дело Спорт“, англиски Арсенал сака да го купи напаѓачот на Фиорентина и за таа цел веќе има конкретна и дебела понуда.

„Топчиите“ наводно веќе излегле со конкретна понуда за српскиот голгетер: 55 милиони евра во кеш, плус 15 милиони евра во вредност на играчот од средниот ред, Лукас Тореира.

Уругваецот веќе игра за италијанскиот тим на позајмица, па откупната сума која Фиорентина сака да ја плати за него е околу 15 милиони евра. Арсенал е подготвен да го вклучи во зделката за Влаховиќ и да ја доплати бараната сума од 55 милиони евра за Србинот. Сепак, останува отворено прашање дали Влаховиќ сака да замине во Лондон, бидејќи во неколку наврати најави дека не го интересира трансфер во Арсенал.

ПретходноНегативен ковид извештај од репрезентативниот табор
СледноЛукаку го „крка“ пола милион фунти за спорното интервју