Втора година по ред Влхова победи на „Сљеме“ во Загреб (видео)

159

Во тешки услови и силен ветар на патеката заврши женскиот слалом на патеката „Сљеме“ во Загреб која се возеше во рамките на Светскиот куп во алпско скијање. Голем број на скијачки не ја завршија трката поради ветерот кој раснесуваше лисја на патеката и правеше проблем на горниот дел од патеката.

Победата, втора година по ред, ја однесе Петра Влхова од Словачка која за 20 стотинки беше подобра од Американката Микаела Шифрин. Третото место го зазеде Австријката Катарина Линсбергер.

И покрај тоа што не победи, Шифрин е лидер во генералниот пласман со 830 поени, а втора е Влхова со 715. Софија Гоџа е трета со 657 поени.

Во категоријата слалом во водство е Влхова со 480 поени, пред Шифрин која има 340 поени.

Утре на „Сљеме“ е машкиот слалом, додека женскиот караван се сели во Крањска гора, Словенија каде на 8 и 9 јануари ќе се одржи велеслалом и слалом.

ПретходноХрватите во паника: Најдобрите ракометари „закачиле“ коронавирус
СледноИзраел со заразени ракометари, откажан е мечот со Македонија!