Вест Хем е еден од четирите клубови од Премиер лигата кои се сериозно заинтересирани за напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, познат како Габигол. Репрезентативниот напаѓач на Бразил, сака да се пресели во Англијаи изјавил дека е импресиониран од работата на Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем, со што како да им даде предност на „чеканите“ во преговорите со неговиот актуелен клуб.
Габриел Барбоса се пресели во Фламенго во јануари 2020 година од Интер. Преставници на Вест Хем разговарале за потписот на напаѓачот на Фламенго, но тој е во фокусот и на Њукасл.