Андреј Магдевски продолжува со импресивните бројки и партии во романскиот шампионат. Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година запиша дабл-дабл во триумфот на Плоешти над Таргу Јиу од 94-88.
Магдевски мечот го заврши со 10 поени, 14 асистенции и седум скока за 34. минути во игра. Зад своето име додаде уште две украдени топки.
Плоешти дојде до петата победа, со осум пораз се наоѓа на осмата позиција на табелата.