Донарума и Буфон позитивни на Ковид-19, во Баерн дури осум заразени

293

Италијанските голмани Џанлуиџи Донарума и Џанлуиџи Буфон се позитивни на Ковид-19 соопштија од нивните клубови Пари Сен Жермен и Парма. Легендата на италијанскиот фудбал Буфон бил тестиран по враќањето од божниќните и новогодишните празници, а тестот излегол позитивен. Тој ќе мора да оди во изолација и засега е во добра состојба.

Сезонава Буфон одиграл 18 меча за Парма во Серија Б и одбрани три пенали и шест пати ја сочувал мрежата недопрена.

А од Париз стигнува вест дека и Донарума е позитивен на коронавирус. И тој оди во изолација неколку денови и ќе се следи неговата состојба. Во ПСЖ позитивен е и најдобриот светски фудбалер Лео Меси кој исто така е во изолација.

Во меѓувреме се повеќе клубови пријавуваат заразени фудбалери, па мака мачат како овој период да ги спремат тимовите за првенствените и куп натпреварите.

Денеска и Баерн пријави уште двајца заразени: Сане и Упамекано и бројката се искачи на 8 фудбалери во карантин. Под прашалник е нивниот меч со Менхенгладбах. РБ Лајцпиг пријави тројца позитивни на Ковид-19: Мукиеле, Хенрикс и Дани Олмо. Од изолација се  враќа Андре Силва.

ПретходноМаневски: Со задоволство прифатив, Шкендија ја одбележа изминатата деценија во мак-фудбалот
СледноСтруга ТЛ и Флорент Османи се разделија