Ериксен: Свесен сум дека сите плачеле, пет минути бев мртов!

478

Кристијан Ериксен се наоѓа во Швајцарија каде се опоравува и се навикнува да живее со дефибрилатор, кој му беше вграден откако доби срцев удар на терен на изминатото Европско првенство.

Поради дефибрилаторот, Ериксен мораше да го напушти Интер бидејќи Италија не дозволува играчи да играат професионален и аматерски фудбал со сериозни проблеми со срцето. Тој не се откажа од кариерата како професионален фудбалер, всушност се надева дека ќе настапи на Светското првенство во Катар.

“Свесен сум дека сите плачеле кога го виделе тој настан, а јас сум среќен што сум тука денеска. Јас бев мртов пет минути. Луѓето се уште ми пишуваат. Им се заблагодарив на оние што ги запознав во живо, меѓу нив и лекарите, соиграчите и нивните семејства.
Сега им благодарам на сите навивачи, илјадници од нив, за писмата за поддршка и на сите оние кои дојдоа кај мене на улиците во Италија и Данска. Сето тоа ми помогна да го пребродам она што се случи“.

Ериксен денеска нема клуб, но се надева дека наскоро ќе заигра повторно. Има голема желба да биде со Данска на Мундијалот.

“Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Сакам да играм, тоа е она што постојано го мислам. Тоа е моја цел и мој сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но мојот сон е да се вратам. Јас сум сигурен дека можам да се вратам. Физички сум во топ форма, моето срце не е пречка и зависи од менито да одлучи“, рече тој.

ПретходноДабл-дабл на Магдевски во победата на Плоешти
СледноАкраповиќ си носи Нигериец во Шкендија!