Корона во Црна Гора, го откажаа учеството на турнирот во Швајцарија

207

Ракометниот сојуз на Црна Гора го откажа настапот на турнирот „Јелоу куп 2022“ во швајцарскиот Винтертур кој требаше да биде проверка на „лавовите“ пред ЕП во Унгарија и Словачка. Причината се позитивните тестови на тројца играчи и еден член на стручниот штаб. На денешните задолжителни тестирања тројца играчи биле позитивни, а потоа е потврден и позитивен тест на еден од тренерите.

„Сојузот контактира со ЕХФ за да ги испочитува ковид протоколите за играчите, штом го прележат вирусот, да можат да настапат на ЕП“, соошштија од Сојузот.

Репрезентацијата останува да се подготвува во Подгорица од каде ќе отпатува во Деберцин, каде на 13 јануари против Данска ќе го отвори ЕП. Да потсетиме дека Црногорците ќе играат и со Македонија и Словенија.

ПретходноЃуросски мора на операција по тепачката во Маврово
СледноВасоски во преговори да го преземе Сараево