Лукаку го „крка“ пола милион фунти за спорното интервју

156

Екипата на Челзи ќе го казни својот напаѓач Ромелу Лукаку со половина милион фунти од платата на Белгиецот, за спорното интервју кој тој го даде за „Скај Италија“ и кое предизвика многу полемики во јавноста.

Тој во истото се пожали на некаков си лош статус во тимот на Челзи и за наводно незадоволство, како и за желбата да се врати во Италија.
Потоа нормално следуваше итен состанок во состав Томас Тухем, менаџер на Челзи и Ромелу Лукаку, на кој наводно напаѓачот се извинил за она што го кажал и дека ситуацијата е смирена. Па така, Англичаните веќе најавуваат дека Лукаку ќе биде во составот на тимот за мечот против Тотенхем, но казна секако му следува.

 

 

ПретходноАрсенал има понуда за Влаховиќ: 55 милиони во кеш + еден фудбалер
СледноМЃП стартуваше со подготовките