Маневски: Со задоволство прифатив, Шкендија ја одбележа изминатата деценија во мак-фудбалот

1176

Она што „Спортмедиа“ го најави пред неколку дена денеска е потврдено од страна на Шкендија. Нов член на тетовските „црвено-црни“ е левиот бек Михаил Маневски кој стави потпис на една и пол година со опција соработката да биде продолжена на уште две.

22-годишниот фудбалер доаѓа од Брегалница, а претходните две сезони исто така играше и за Академија Пандев. Во првиот дел од сезоната Маневски ги одигра сите 18 натпревари за Брегалница, а запиша и шест асистенции. Инаку тој беше и младински репрезентативец на Македонија.

Со задоволдство ја прифатив понудата на Шкендија. Мојата желба и намера беше да бидам дел од овој клуб затоа што покажува константност во македонското првенство. Шкендија дефинитивно јај одбележа изминатава деценија во македонскиот фудбал. Доаѓам да и помогнам да биде шампион на Македонија и со успех да игра во Европа. Јас сум фудбалер кој секогаш дава максимум и верувам дека брзо ќе се прилагодам и ќе играм добро во пролетниот дел“, изјави Маневски.

ПретходноИзраел со заразени ракометари, откажан е мечот со Македонија!
СледноДонарума и Буфон позитивни на Ковид-19, во Баерн дури осум заразени