Екипата на Македонија ЃП на пролет ќе биде без Марио Крстовски кому му заврши шестмесечната позајмица од тимот на Зрински. Напаѓачот има актуелен договор со овој клуб, и сега ќе мора да се појави во Мостар на прозивката на Зрински или пак ќе замине на нова позајмица, ќе се знае во следните неколку дена.
Марио Крстовски е поранешен Македонски младински репрезентативец кој во домашниот шампионат играше за екипите на Хоризонт Турново, Академија Пандев.
Покрај Крстовски од МЃП заминуваат и младите Димитри Димитриевски, Кристијан Ивановски и Филип Костовски.