Мбапе ќе потпише за Реал, но откако ќе заврши осминафиналето во ЛШ!

167

Француската фудбалска ѕвезда и напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе потпише договор со Реал Мадрид откако ќе ги заврши настапите во Лигата на шампионите за оваа сезона, објави телевизијата „Ел Чирингито“.

Според изворот, клубот е уверен дека ништо нема да ја попречи транзицијата на младата ѕвезда на светскиот фудбал, кој веќе влезе во последните 6-месеци од договорот со францускиот шампион. Според информациите на шпанската телевизија, веќе е постигнат договор меѓу Мбапе и преставниците на Реал и само останува да се потпише договорот.

Официјализацијата на соработката на инсистирање на Мбапе ќе се случи по одигрувањето на натпреварите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

ПретходноРепрезентативецот Ѓуроски повреден во тепачката на ски-лифтот во Маврово
СледноИ Монца на Берлускони тргна по Несторовски