Екипата на Македонија ЃП денеска и официјално ги стартуваше зимските подготовки. Со неколку измени во составот во кои неколку играчи кои немаа минутажа во изминатиот период си заминаа, „Лавовите“ под водство на тренерот Муарем Бајрами на својот стадион денеска и официјално ги почнаа тренинзите, а самите подготовки како изминува периодот, ќе добиваат на интензитет.
Планирани се секако и базични подготовки, силни пријателски средби, како и адекватни засилувања за напролет за да се остварат зацртаните цели и амбиции.
На првиот тренинг ги немаше Марио Крстовски, потоа Димитри Димитриевски, Кристијан Ивановски и Филип Костовски.