Негативен ковид извештај од репрезентативниот табор

167

Добро е. Ракометната репрезентација на Македонија во текот на денешниот ден направи ковид тестирање, на кое на сеопшто задоволство нема позитивен.

Нашите репрезентативци се во екот на подготовките за следниот Европски самит, и ваквиот вид на информации се исклучително важни во моментов. Уште поважно е што вечерва од 18:00 часот го играме вториот тест дуел против Израел, што е генерална проба пред заминувањето за Дебрецен.

Овој денешниот е првиот од трите задиолжителни ПЦР тестови за нашата експедиција пред заминувањето за ЕП. Следните се на 7. односно 10. јануари, а за Унгарија се тргнува на 11. јануари.

ПретходноМарио Крстовски не продолжува во Македонија ЃП
СледноАрсенал има понуда за Влаховиќ: 55 милиони во кеш + еден фудбалер